Мирен собир за поддршка на игуменот на Бигорски

0
322

Верници од неколку епархии денеска на собир побараа епископот Партениј да биде втор кандидат за митрополит на дебарско-кичевската епархија.

Верниците со објаснување „важно е да се слушне и зборот од живата црква од народот за отецот Партениј, бидејќи тој три децении е активен со верниците и заради него се во верата“. За нив е нелогично некој што е само неколку дена замонашен да биде митрополит.

Протестот продолжи и до резиденицијата на архиепископот Стефан каде ги кажаа пораките своите пораки до архиепископот. Денеска монахот Георгиј беше и на чествувањето во археолошкиот локалитет „Стоби“, каде што денеска ќе биде отслужена Света Божествена литургија за првиот вселенски собор со која ќе чиноначалствуваше Архиепископот Стефан. Новоизбраниот монах Георгиј е предлогот на Архиепископот Стефан за избор на нов митрополит на Дебарско-кичевската епархија, предлогот го испратил до членовите на Синодот, а седницата за избор ја закажал за 12 јуни оваа година. Отец Георгиј, или поранешниот декан на Богословскиот факултет и ексамбасадор во Ватикан, Ѓоко Ѓоргевски беше замонашен на 27 мај, на 28 Мај станува јероѓакон, а потоа јеромонах.