УАПСЕН КОМАНДАНТ БРЕЗА ПО 22 ГОДИНИ БЕГСТВО Бајрамовски е приведен и однесен во „Шутка“

0
274

Хамди Бајрамовски е осуден на пет години затвор за разбојништво, како и на шест години за неовластено производство и трговија со дрога, а се терети и за низа други дела: изнуда, насилство, недозволено оружје и други.

По 22 години бегство, Хамди Бајрамовски, познат во јавноста како командант Бреза од селото Брест, синоќа бил уапсен на подрачјето на скопската населба Ченто. Бајрамовски со години се наоѓал на листата на најбарани лица, со распишана меѓународна потерница поради низа тешки кривични дела.

Како што информира Министерството за внатрешни работи, акцијата ја извршиле припадници на Секторот за меѓународна полициска соработка.
Plusinfo.mk