Ужас во дом за стари лица во Бугарија- ги малтретирале и дрогирале: Ова ли е Европа ? (ФОТО)

0
752

Како што откриле истражителите, старите лица имале врзани нозе, биле под дејство на седативи, заклучени во соби во ужасни услови. Без постелнина, со отстранети рачки од прозорците и без никаква врска со надворешниот свет. Некои од нив дури и не ги напуштиле своите соби со месеци…, пишува 24chasa.bg.

Инспектори од неколку државни институции ги утврдиле горенаведените услови за време на заедничка операција во два објекти во селото Јагода, во регионот Стара Загора.

Вкупно 75 мажи и жени, на возраст меѓу 51 и 86 години, биле држени во ужасни услови во нелегален дом за стари лица, објави министерот за правда Георги Георгиев на брифинг во Полициската управа на Стара Загора.