Влатко Митровски од село Плешенци одгледува 120 свињи, ама нема ниту храна ниту откуп, за телевизијата М-НЕТ раскажува дека неговиот син се иселил, а во план е и тој да се исели, доколку работата не се поправи.
Нема ниту храна, ниту откуп, имав порано 200 свињи, сега имам 120, еднаш на два дена ги хранам со храната, па ги пуштам да пасат на овие температури. Господ знае дали ќе се вратат. Работиме и дење и ноќе, а сме задолжени, ако ова не се среди и јас ќе си бегам во Шведска, вели Митровски.









