За картелски цени за инсулин, казна од близу два милиони евра

0
176

Последниот случај на картелско здружување се однесува за јавна набавка од пред 9 години кога двете големи веледрогерии АД „Д-р Пановски“ и „Фарма трејд“ ДООЕЛ – Скопје меѓусебно се договориле во постапката за јавна набавка на инсулин, глукагон, инсулински игли и ленти за мерење шеќер и инсулински пумпи со потрошен материјал што го распишало Министерството за здравство. Комисијата за заштита на конкуренцијата (КЗК) оваа година обзнани за три картелски здружувања во земјава – кај големи супермаркети, во осигурителниот бизнис и најновото – кај веледрогериите со намера да се стекнат со противправна имотна корист

Комисијата за заштита на конкуренцијата (КЗК) оваа година обзнани за три картелски здружувања во земјава – кај големи супермаркети, во осигурителниот бизнис и најновото – кај веледрогериите со намера да се стекнат со противправна имотна корист.

Последниот случај на картелско здружување се однесува за јавна набавка од пред 9 години кога двете големи веледрогерии АД „Д-р Пановски“ и „Фарма трејд“ ДООЕЛ – Скопје меѓусебно се договориле во постапката за јавна набавка на инсулин, глукагон, инсулински игли и ленти за мерење шеќер и инсулински пумпи со потрошен материјал што го распишало Министерството за здравство.

– Двете веледрогерии, спротивно на Законот за заштита на конкуренцијата, склучиле забранет договор – картел со што свесно и со намера да се стекнат со противправна имотна корист на штета на државата, го замениле принципот на слободна конкуренција на пазарот со забрането договарање на продажните цени на лековите – истакнаа од Комисијата за заштита на конкуренцијата.

За учество во картелот, Комисијата со решението изрече и прекршочни санкции – глоба и тоа на АД „Д-р Пановски“ во износ од 1.061.000 евра и на „Фарма трејд“ ДООЕЛ 721.000 евра, или вкупно 1,8 милиони евра – информираат од КЗК и појаснуваат дека висината на глобата е во корелација со штетата што е нанесена на буџетот на државата.

Управниот суд и Вишиот управен суд го потврдија тврдењето на Комисијата за заштита од конкуренцијата имајќи го предвид домашното законодавство, но и судската практика на Европската Унија.