НЕ ЗАПИРААТ НАПАДИТЕ: СЕ БРОЈАТ ЖРТВИТЕ ВО ИЗРААЕЕЛ ПО НОВИТЕ ИРАНСКИ НАПАДИ

0
339

Иран синоќа започна нов бран ракетни напади врз Израел, а според официјалните бројки од израелските служби за вонредни ситуации, најмалку четири лица се убиени, а повеќе од сто се повредени. Целите беа делови од централен Израел, вклучувајќи ја и областа околу Тел Авив.

Нападите се случија откако израелската војска потврди претходно денес дека извршила напади врз нуклеарната инфраструктура на Иран. Министерството за нафта на Иран тврди дека бил погоден складиштето за нафта Шахран во Техеран.

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан се закани дека одговорот ќе биде уште „потежок и посилен“ доколку Израел не се повлече. Во меѓувреме, Оман потврди дека разговорите меѓу Техеран и Вашингтон за нуклеарната програма на Иран, закажани за недела, се официјално откажани.