ВИДЕО: МЕТЕОР ИЛИ НЕШТО ДРУГО? – НЕВООБИЧАЕНА ПОЈАВА НА НЕБОТО НАД ШАРА

0
479

Жител на едно шарпланиско село вчера вечерта забележал и успеал да сними невообичаена светлосна појава на небото над Шар Планина.


На видеото, кое брзо се прошири на социјалните мрежи, се гледа силна светлина која се движи со невообичаена траекторија и остава светлечка трага зад себе.

Сè уште нема официјална потврда или објаснување за тоа што точно е забележано, но на интернет веднаш се појавија различни шпекулации – од можен метеор, до дрон или дури и неидентификуван летечки објект (НЛО).