Експлозии денеска се слушнале над Доха, пренесуваат новинските агенции „Ројтерс“ и АФП.
Иран наводно лансирал ракети на амеирканската база во Катар, и уште една ракета во Ирак, како одговор на напдите на Вашингтон на нуклеарните локации на оваа земја, јавуваат државните медиуми.
Катар е дом на најголемата американска воена база на Блискиот Исток. Ал-Удаид е седиште на американскиот Централен команд за сите воздушни операции, каде што ротациски служи и британски воен персонал.
Според Стејт департментот, таму живеат речиси 8.000 американски граѓани.









