БУГАРИЈА ДА ОБЈАСНИ ПРЕД НАТО ЗОШТО ЈА КОЧИ МАКЕДОНИЈА И ЈА ЗАГРОЗУВА РЕГИОНАЛНАТА БЕЗБЕДНОСТ Мицкоски најави жестока борба за да се усвои извештајот во Европскиот Парламент

0
293

Беше жестока борба за да се надмине оваа пречка, која и не би требало да постои. Ако ги слушате пораките од политичари од Брисел, велат е дека идентитет и јазик никогаш не се предмет на разговори, дека тоа се бетонирани, затворени теми, но, видовме дека не е така, рече премиерот Христијан Мицкоски.

Европската и македонската јавност видоа дека со Бугарија не е е проблемот во тоа да се стават неколку стотини Бугари во Уставот, туку дека се работи за идентитетски прашања. Ова прашање сега ќе се покрене пред НАТО на Самитот во Хаг и на сите следни сесии во НАТО, дали некоја членка на Алијансата попречува друга земја членка во евроинтеграцијата и со тоа ја загрозува регионалната безбедност, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски.