Честитки, „Најдоброто допрва доаѓа“ – Меџити: Конечно ќе се казнува за неспроведување на двојазичноста!

0
424

Првиот вице-премиер Изет Меџити денеска на прес-конференција со претседателот на Владата Мицкоски истакна дека конечно ќе се овозможи да се казнува неспроведувањето на двојазичноста.

Во врска со Инспекторатот на јазици, за среќа помина на собраниска седница Инспекторатот да се преточи во Министерството за правда и да се заврши прашањето со плати бидејќи имаме луѓе кои неколку месеци не добиле плати, а идејата е во втората фаза да почне Инспекторатот за јазици да оди во рамките на Агенција за примена на јазикот, бидејќи кога е донесен е донесен со lex specialis. Исто така, тука има унапредување бидејќи Инспекторатот за јазици беше единствениот кој немаше право на изрекување глоби. Кога еде Инспекторат нема такво право, не е Инспекторат, беше се освен Инспекторат. Сега ќе го пренесеме во Агенцијата за примена на јазиците и ќе има право на изрекување на глоби, вели Меџити.