Две лица го загубија животот во Франција откако силна бура ја погоди земјата синоќа, по период на интензивна топлинска преса, јавуваат француските медиуми.
Една од жртвите е 12-годишно дете кое настрадало во регионот Тарн-ет-Гарон, на југот од земјата. Детето било погодено од дрво што се урнало додека со семејството се обидувало да се евакуира од зоната зафатена од невремето.









