Ковачев: Трите најголеми партии во ЕП се согласија да се отстрани „македонскиот идентитет и јазик“ од извештајот за Северна Македонија

0
285

Трите најголеми политички сили во Европскиот парламент – Европската народна партија (ЕНП), Прогресивниот сојуз на социјалистите и демократите (С&Д) и Обнова – се согласиле да ги отстранат термините „македонски идентитет“ и „македонски јазик“ од нацрт-извештајот за напредокот на Северна Македонија кој треба да се гласа на пленарната седница на Европскиот парламент на 8 јули, објави бугарската агенција БГНЕС.

Информацијата на Фејсбук ја потврди и бугарскиот европратеник Андреј Ковачев.

„На барање на групата на Европската народна партија, трите најголеми партии во Европскиот парламент – ЕНП, С&Д (социјалистите) и Обнова (либералите), синоќа се согласија да ги отстранат сите референци за ‘македонски идентитет’ и ‘македонски јазик’ од нацрт-извештајот за напредокот на Северна Македонија. Очекувам дека овој амандман ќе биде поддржан од мнозинството во ЕП следната недела на пленарна седница“,