Има наредба од јавен обвинител и МВР веќе постапува за утврдување случаи со дивоградби, вели Тошковски

0
286

На прашањето дали е утврден случај на дивоградба во Чаир, она што изминатиот период е актуелно и кое скопската градоначалничка Данела Арсовска постојано го прзентира во јавноста, Тошковски изјави дека нема конкретни информации за тој случај, но увери дека се постапува и дека резултатите ќе бидат видливи наскоро.

Министерството активно работи на утврдување случаи на дивоградби, најави денеска министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски ветувајќи дека резултатите од овие постапки ќе бидат видливи во скоро време.

Тој потврди дека постои наредба од јавен обвинител и дека МВР веќе постапува по истата.

„Во однос на тоа дали има наредба од страна на јавен обвинител, да, има и постапуваме. Ве уверувам дека како за сите предмети за кои се постапувало под ова раководство, така и во иднина нема да оставиме под знак прашалник ниту еден конкретен предмет во интерес на јавноста. Во однос на сите ќе постапуваме така како што и прилега на една европска земја. За разлика од тие претходно, не сме Европејци само декларативно, тоа го покажуваме со дела“,

рече Тошковски.