Македонски државјанин и двајца Бугари загинаа откако автомобил управуван од 19-годишник удрил во угостителски објект

0
1131

Тројца луѓе ги загубија животите ноќеска во Разград, североисточна Бугарија, кога автомобил управуван од 19-годишник удрил во масите пред угостителски објект на улицата „Грнчарска“, јавибугарската Нова ТВ.

Младиот возач загубил контрола над возилото, што било кобно за тројцата загинати, на возраст од 64, 52 и 68 години. Несреќата се случила во 1.36 часот ноќва. Македонскиот државјанин, чија возраст не е прецизирана, имал постојан престој во Бугарија.

Загинатите седеле на маса на аголот на летната тераса, а возилото удрило директно во нив. Според првичните сознанија, тој веројатно претекнувал друго возило, при што едното тркало навлегло во локва со дождовница, по што загубил контрола и удрил во масата со тројцата загинати.

„Жртвите се нашле во сендвич помеѓу неговиот и друг паркиран автомобил“, објасни за Бугарско национално радио Окружниот обвинител на Разград.

Првичните тестови за алкохол и дрога кај 19-годишниот возач не покажале присуство на супстанци, но земени се примероци од крвта за дополнителни анализи. Тинејџерот имал возачка дозвола отприлика една година, а автомобилот бил сопственост на татко му.

За возачот е првично изречен притвор од 24 часа, којшто потоа бил продолжен на 72 часа.