Прва македонска интервентна пожарна – Мицкоски: Најподготвени сме досега за справување со шумските пожари

0
187

Македонија влегува во противпожарната сезона со драстично зголемени капацитети. Во кампот за обука Пепелиште денеска беше презентирана првата републичка противпожарна, составена од 50 специјално пренаменети армиски и полициски возила, кои сега се ставени во функција за гаснење на шумски пожари.

Премиерот Христијан Мицкоски нагласи дека ова е најголемата модернизација досега, а државата со оваа инвестиција заштедила неколку десетици милиони евра.

Станува збор за полициски и армиски возила коишто повеќе од осум години не биле запалени. Ја видовте демонстрацијата, видовте како се тоа денеска изгледа и можам да кажам дека многу по подготвени ја пречекуваме сезоната на пожари која очекуваме да се случи многу скоро, односно таа веќе е во тек и се појавуваат пожари на одредени места низ државата“, вели Христијан Мицкоски.

Пренаменетите возила, опремени со специјални резервоари за вода и пумпи за висок притисок, можат да пристапат и до најтешко достапните терени, а дел од нив се модернизирани верзии на старите хермалини и БТФ70/80, кои со години биле складирани во магацините на Министерството за одбрана и МВР.