Имаме докази и приведени лица за подметнати пожари со координирана и осмислена акција, вели Мицкоски

0
138

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека постојат докази и приведени лица за подметнување на пожарите, особено во Скопје, опишувајќи ги како „координирана и добро осмислена акција“.

Тој вели дека состојбата по вчерашните бројни пожари е под контрола и ги отфрли обвинувањата од опозицијата за неажурност.

„Не само што се сомневаме, туку имаме и докази, приведени лица посебно на територијата на Скопје, затоа што од тоа што го најдовме кај последниот пожар што се случи вчера навечер после девет часот во близина на Смилковско езеро, но и три лица што потоа беа обезбедени, укажува дека постои основано сомнение за координирана и добро осмислена акција особено во Скопје“,рече Мицкоски по присуството на настан по повод 80 години од основањето на Црвениот крст.