Министерството за внатрешни работи сомничи функционер на опозициската ДУИ за намерно предизвикување на пожари во Визбегово“. Неофицијално, станува збор за претседателот на партискиот огранок во Шуто Oризари, со иницијали И.Л., во чиј дом полицијата веќе извршила претрес.
Според неофицијални информации, при претресот биле пронајдени пиротехника и други запаливи материјали, а воедно му бил одземен и мобилниот телефон, со цел да се вештачи.
Братот на функционерот И.Л. е шеф на кабинет на директорот на Јавното претпријатие „Паркови и зеленило“, под капа на Град Скопје на чело со Данела Арсовска.









