Градоначалничката Данела Арсовска заврши во болница откако е нападната во Чаир

0
246

Инспекциската контрола и увидот во дивоградбите во Чаир заврши со физички и вербален напад врз Арсовска и нејзината екипа од град Скопје. Градоначалничката била нападната со клоци и тупаници, но и вербални закани за силување и убиство на нејзиното семејство.

По лекарската интервенција Арсовска за медиумите кажа дека била нападната од лице поврзано со дивоградбата во Чаир која била предмет на контрола.

Пред нападот како што се гледа на снимките до кои дојде ТВ 24 група граѓани и дофрлуваат на Арсовска зошто не ги контролира скопските општини Карпош и Центар.

Инцидентот го потврдија од Министерството за внатрешни работи. Оттаму посочија дека Арсовска била физички нападната додека извршувала службени обврски на територијата на град Скопје.