Мицкоски предлага пет различни потрошувачки кошнички: Не се исти потребите на еден пар пензионери и на еден млад брачен пар

0
214

Најмалку 1062 евра му требаат на едно четиричлено семејство да го помине месецот. Минималната кошничка за јули 2025 година се искачи на 65.328 денари, зголемена за 630 денари во однос за претходниот месец.

Најголем дел од трошоците, околу 50 отсто одат за храна, домаќоинство, комуналии, хигиена. Поголема ставка од буџетот, 10.9 отсто е образованието а за здравје се трошат 1.8 проценти од парите.

Храна и пијалоци – 23.682 денари или 36 . 3 %

Станарина, вода, електрична енергија и хреење – 6096 денари или 9.3 %

Лична хигиена и оддржување на хигиена во домот – 2618 денари 4 %

Со изнајмен стан од 60 квадрати, платени сметки за вода, струја и парно, вредноста на синдикалната кошницата се искачува на 80 703 денари…

ССМ

„Од податоците на синдикалната минимална кошница евидентно е дека откако завршија активните владините мерки, вредноста на синдикалната минимална кошница за три месеци е зголемена за 2.637 денари односно за 4,20 проценти, додека кај храната и пијалаците за три месеци има зголемување за 2.202 денари односно за 10,25 проценти.“

Од владата предлагааат промена на начинот на пресметување на минималната потрошувачка кошничка. Според премиерот Христијан Мицкоски место досегашната пресметка на минималните трошоци за четиричлено семејство, пресметката треба да се прави за пет различни видови домаќинства.

Христијан Мицкоски

„Претставниците на синдикатите, на работодавачите и на Владата на таа седница ќе разговараат и за потрошувачката кошничка која мислам дека треба да биде поделена во пет сегменти: потрошувачка кошничка за самец, потрошувачка кошничка за млад брачен пар, за тричлено семејство, за четиричлено семејство и потрошувачка кошничка за пензионери. Мислам дека во иднина треба да опфатиме анализа на пет потрошувачки кошнички затоа што потребите на луѓето се според возраста, се разбира, но исто така и потребите на луѓето се во зависност од бројноста, како е сочинета една заедница. “