Израел дозволи секој ден по десет часа да се доставува хуманитарна помош на гладните во делови од Газа

0
182

Израел од денеска ќе ги прекинува воените операции секој ден по 10 часа во делови од Газа и ќе дозволи нови коридори за помош во енклавата, од каде што сликите на гладни Палестинци го вознемирија светот. Воените активности ќе престанат од 10 часот наутро до 20 часот по локално време, во Ал-Маваси, Деир ал-Балах и Газа Сити.