Се натпреваруваа во услови кои беа срамни“, вели претседателот на Италијанската теквондо федерација

0
253

Анџело Чито, претседател на Италијанската теквондо федерација, не штедеше лоши зборови за условите во кои се одржуваат Младинските олимписки игри во Скопје.

Рече дека такво нешто не очекувал.

„Децата овојпат уште повеќе ја заслужуваат мојата пофалба, не само за резултатите, туку и за пожртвуваниот дух што го покажаа во едно сценарио во кое никогаш не би можел да ги замислам. Беа одлични, и покрај тоа што се натпреваруваа во услови за кои најмалку што можам да кажам е дека беа срамни од организациска гледна точка. Како може да се дозволи ова во денешно време ми е необјасниво.На температура од речиси 50 степени снема струја, па беше невозможно повторно да се вклучи климата.“, изјави Чито за италијанската новинска агенција „АНСА“.

Нагласи дека сме понудиле објекти во распаѓање и неприфатливи хигиенски услови.