Израелската војска започна ограничени паузи во борбите во три населени области во Газа во траење од 10 часа на ден, дел од мерките што вклучуваат дотур на оружје, бидејќи расте загриженоста поради зголемениот глад, и бидејќи Израел се соочува со критики за своето однесување во 21-месечната војна, пренесува Асошиејтед Прес.
Војската соопшти дека „тактичката пауза“ од 10:00 до 20:00 часот во градот Газа, Деир ал-Балах и Муваси, сите со големо население, ќе ја зголеми хуманитарната помош што влегува на територијата.
Шефот за хуманитарни прашања на Обединетите нации, Том Флечер, ја поздрави одлуката на Израел да поддржи „еднонеделно зголемување на помошта“ и рече дека „се чини дека некои ограничувања на движењето се ублажени“. Но, тој рече дека акцијата треба да биде одржлива, обемна и брза.
„Без разлика кој пат ќе го избереме, ќе мора да продолжиме да дозволуваме влез на минимални хуманитарни залихи“, изјави израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.
Сликите на ослабени деца предизвикаа критики кон Израел, вклучително и од сојузниците кои повикуваат на крај на војната. Израел ја ограничи помошта за населението во Газа од над 2 милиони, бидејќи вели дека Хамас ја црпи за да ја зајакне својата власт, без да обезбеди докази. Голем дел од населението, збиено во сè помали парчиња земја, сега се потпира на помош.









