СМРТОНОСНА ЖЕЛЕЗНИЧКА НЕСРЕЌА ВО ГЕРМАНИЈА, ПОГЛЕДЕНЕТЕ ГИ ДЕТАЛИТЕ

0
748

Три лица загинаа, а околу 50 се повредени во железничка несреќа што вчеравечер се случи во близина на градот Ридлиген во германската сојузна покраина Баден-Виртемберг.

Регионален патнички воз излета од шините во близина на градот Ридлинген, приближно 158 километри западно од Минхен. Причината за несреќата сè уште не е позната, а федералната и локалната полиција се на терен.

Меѓу загинатите е еден вработен во германските железници. Околу 25 лица од спасените се со сериозни повреди.

Несреќата се случила во 18:10 часот во шумска област. Фотографиите од местото на несреќата покажуваат дека вагоните се превртени, а спасувачите им помогнат на патниците.

За време на несреќата во возот имало околу 100 патници.