СКОПЈАНЕЦ СОБОРИ ТЕРОРИСТ ВО АВИОН

0
3193

Македонецот Зоран Настески е херојот кој го спречи терористички напад во авион на летот Лутон – Глазгов.

Видеото од соборувањето на терористот во авион кој патувал кон Глазгов кое масовно се споделува на социјалните мрежи ја вознемири јавноста, но и ги запали социјалните мрежи бидејќи беше воочливо дека лицето кое го соборува терористот е од Балканот.

Стигна потврда дека храбриот патник бил скопјанецот Зоран Настески кој живее во Англија.

Настески го соборил на земја патникот – теторист кој на летот на „Изиџет“ од Лондон Лутон до Глазгов се заканувал дека има бомба и извикувал „Смрт за Америка, смрт за Трамп“ и „Алаху акбар“ и се заканувал со бомба во авионот.

Сепак, за среќа, откако бил соборен, патникот бил приведен од шкотската полиција, а бомба во авионот не е пронајдена.