Ристовски: Неколку месеци пред младинската Олимпијада побаравме да биде откажана, но бевме одбиени

0
276

Министерот за спорт Борко Ристовски во интервју за „Радио Слободна Европа“ коментирајќи за неодамна завршената младинска Олимпијада во Скопје, рече дека било побарано да биде откажана, неколку месеци пред нејзиниот почеток.

Лично имав разговор со претседателот на Европскито Олимписки комитет во март или април, и како министерство за спорт предложивме да се откаже Олимпијадата, или да се редуцира на 1000 учесници, затоа што само така како држава можевме да дадеме гранции. Но, бевме одбиени. Ни беше кажано дека е доцна да се откаже Олимпијадата за младинци. Кажавме дека немаме капацитет да ортанизираме еден ваков масовен настан. Морам да додадам дека иако организацијата во одреден момент затаи, меѓутоа не беше на ниво катастрофално како што тоа сака да го прикажат поединци или опозицијата. И ете кога ќе угостите преку 4.000 дечиња, нормално е да има некои недостатоци. Не постои држава на светот или Олимписки комитет на светот или град на светот што може да го организира без недостатоци и тоа е во ред. Улогата на министерството беше чисто логистичка“, рече Ристовски.

Ристовски понатаму објаснува каква логистичка поддршка имало министерството.