ВМРО-ДПМНЕ: Заврши времето на матни тендери во енергетиката, СДС да се помири дека државата оди напред

0
169

Заврши времето на матни тендери во енергетиката, СДС да се помири дека државата оди напред, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Ветерниот парк во Штип, Карбинци и Радовиш е најголема енергетска инвестиција од осамостојувањето до денес. 500 милиони долари ќе влезат во државата, а СДС наместо да се радува лее солзи.

Многу скоро од денес, Македонија од увозник на струја, ќе стане извозник.

Владата ја обезбедува енергетската сигурност на државата.

Иднината во Македонија ќе биде сигурна, сите ќе живееме во држава која ги има сите придобивки на 21-от век. А, СДС слободно може да останат со реториката во минатиот век, народот тоа го гледа и ќе ги избрише на следните избори.“, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.