„Борис Трајковски“ под лупа на ревизорите: Аквапаркот под клуч, паркингот не заработува, а поддршката за самитот на ОБСЕ недокументирана

0
206

Државниот завод за ревизија го објави извештајот за работењето на салата „Борис Трајковски“ за 2023 година. Во извештајот е наведено дека друштвото остварило приходи од закупнина во износ од 10,9 милиони денари преку 24 активни договори, но кај повеќето договори цените се намалени или останале непроменети во однос на почетните.

Пребарај..

МАКФАКС
МАКФАКС
Македонија„Борис Трајковски“ под лупа на ревизорите: Аквапаркот под клуч, паркингот не заработува, а поддршката за самитот на ОБСЕ недокументиранаОбјавено пред 11 минути – 7 август, 2025Од Е. Т. / Макфакс

Државниот завод за ревизија го објави извештајот за работењето на салата „Борис Трајковски“ за 2023 година. Во извештајот е наведено дека друштвото остварило приходи од закупнина во износ од 10,9 милиони денари преку 24 активни договори, но кај повеќето договори цените се намалени или останале непроменети во однос на почетните.

Во 2023 година, приходите од продажба на добра и услуги изнесувале 48,8 милиони денари, што е намалување од 3 проценти во споредба со претходната година, додека за 2024 година се очекува зголемување на приходите за 13 отсто.

Приходите од користење на различните објекти како пливачки базен, лизгалиште, мала сала, куглана, конгресна сала и пинг-понг центар бележат пораст, додека Аква паркот има пад на приходите и во 2024 година е затворен поради економска неплатливост и истекување на гарантен рок на опремата.

Во извештајот е посочена и неизвесноста околу функционирањето на соларниот систем кој бил набавен за загревање на пливачкиот базен, поради технички недостатоци.

Исто така, друштвото не остварува приходи од стопанисување со паркингот, иако има стекнато право на користење.

Во рамки на претседавањето со ОБСЕ во спортскиот центар, друштвото обезбедило логистичка поддршка на Министерството за надворешни работи, но ревизорите укажуваат дека не се доставени записи за изведените работи и инсталации, и тие сѐ уште не се ставени во владение на друштвото.

Ревизорите констатирале и други неправилности, како слабости во работењето со готовината, начинот на евидентирање на залихите на суровини и материјали, нецелосно извршен попис, непропишани прецизни надлежностите за Надзорниот одбор, слабости во актот за систематизација и актите со кој се уредува начинот на пресметка на платите