Пронајдено телото на бугарскиот нуркач кој исчезна во Охридското Езеро кај Трпејца

0
861

Телото на давеникот, пронајдено попладнево во близина на селото Трпејца, е на нуркач кој претходно денеска исчезна во водите на Охридското Езеро. Според очевидци, лицето било облечено во нуркачко одело и имало целосна опрема за нуркање.

Претходно, Скопје Инфо објави дека 52-годишен државјанин на Бугарија исчезнал при нуркање на длабочина од 89 метри, над селото Трпејца. Инцидентот се случил денеска околу 13:15 часот, а за негово пронаоѓање беа ангажирани тимови од Езерската полиција, Црвен крст и нуркачи од клубот „Амфора“.