УРНАТИ ЗГРАДИ – ВО ТУРЦИЈА РАЗОРЕН ЗЕМЈОТРЕС

0
4031

Земјотрес со јачина од 6,1 степени ја погоди Турција во недела навечер, објави Анадолу, објави 4NEWS.mk

Според Агенцијата за управување со катастрофи и вонредни состојби, епицентарот на земјотресот бил во округот Синдирги во покраината Баликешир во западна Турција.

Епицентарот на земјотресот бил измерен на длабочина од 11 километри, објави 4NEWS.mk

Земјотресот бил почувствуван во покраината Баликешир, како и во Измир, Кутахја, Јалова, Истанбул, Маниса, Ушак, Ајдин, Ескишехир, Сакарја и Текирдаг.

Али Јерликаја, министерот за внатрешни работи на Турција, изјави дека според прелиминарните проценки, нема пријавени жртви, но дека зграда се урнала во Синдирги.