Главен урбанист на Ердоган од Истанбул би можел да биде во тимот на лидерот на Вреди

0
273

Тим од искусни архитекти и експерти за урбанизам, меѓу кои и поранешен главен урбанист на Бурса и дел од тимот на архитекти на Истанбул во време кога Ердоган бил градоначалник на овој град со 16 милиони жители, ќе му пружат експертска поддршка на Меџити во битката за Чаир, но и потоа, дознава Плусинфо.

Најавениот кандидат за градоначалник на Општина Чаир од Вреди, Изет Меџити, очигледно продолжува активно да го формира својот тим пред почетокот на изборната кампања. Денеска тој беше забележан во едно чаирско кафуле, во друштво на лица кои, според изгледот и разговорот, очигледно не се од Чаир и од Македонија..

Според нашите извори, станува збор за архитекти и експерти за урбанизам од светски ранг, кои наводно би можеле да станат дел од тимот на Меџити за подготовка на урбанистички и развојни проекти за Чаир.