САУБЕРМАХЕР: ОТПАДОТ ДА СЕ ДЕПОНИРА ВО КОНТЕЈНЕРИТЕ, А НЕ ОКОЛУ ОД НИВ

0
334

Претпријатието Саубермахер кое се грижи собирање и транспортирање на комуналниот отпад во Тетово со повик за одржување на чистотата и правилна употреба на контејнерите во градот . Во продолжение е нивното цело соопштение.

Почитувани граѓани, во овој период кога количината на отпад значително се зголемува, нашата компанија презеде конкретни чекори за подобрување на услугата за собирање отпад со дополнителни тимови и дежурства, со што ја зголемивме и фреквенцијата на собирање. Сепак, забележано е дека отпадот сè уште се остава надвор од контејнерите, што ја отежнува работата на вработените и негативно влијае на изгледот на градот и јавното здравје.Поради оваа причина, апелираме до сите:

-Да не оставате отпад надвор од контејнерите, бидејќи тоа го попречува ефикасното чистење и создава загадување.

-Да ги почитувате распоредите и локациите на контејнерите за да ја олесните работата на тимовите за собирање.

-Не го попречувајте пристапот на возилата за собирање отпад (не паркирајте околу локациите каде што се контејнерите).

-Поголемиот/габаритен отпад треба да се депонира во центарот за собирање (патот за село Требош-Палма Мол.

Сите заедно да покажеме грижа и одговорност – чистотата на јавните простори е заедничка одговорност. Со заедничка работа, ние не само што ја поддржуваме напорната работа на нашите тимови, туку придонесуваме и за почиста, побезбедна и поздрава животна средина за нашите семејства и за идните генерации.Ви благодариме за вашето разбирање, одговорност и поддршка