Агенцијата за национална безбедност набавува вино за 226.500 денари.
На веб-страницата за јавни набавки се објавени две рамковни спогодби, во вкупна вредност од 472.000 денари. АНБ склучила рамковна спогодба за вода, безалкохолни пијалоци и вино.

На веб-страницата се достапни и цените по кои ќе се набавуваат пијалоците.



Во техничката спецификација не е појаснето за што ќе се употребува виното.
Претходно СОЗР во неколку наврати набавуваше месо, риби, јајца и останати прехранбени продукти во вредност од илјадници евра.









