Ивановска по распитот во Обвинителство: Обвинета сум дека наводно начинот на кој што сме ги отворале предметите во ДКСК и споделувањето на информациите во јавноста, било спорно за пријавителот

0
401

Ивановска, во изјава за медиумите, по нејзиниот распит во Обвинителсто, рече дека била повикана поради кривична пријава за несовесно работење по член 353, додека била претседателка на Антикорупција, нагласувајќи дека не може да сподели за кој предмет точно се однесува за да не попречува на работата на Обвинителство.   -Обвинета сум дека наводно начинот на кој што ние сме ги отворале предметите во ДКСК и споделувањето на информациите во јавноста, било на некој начин, спорно за пријавителот. Денеска на средбата со обвинителката јас појаснив на кој начин ДКСК ги оформува предметите. Во конкретниот случај бил отворен предмет по сопствена иницијатива, на член на нашата комисија. Предметот се работел, на крајот предметот е без некои наоди и постапката е завршена без никакви сомнежи понатаму, но она што било спорно за пријавувачот е на кој начин ние сме комуницирале со јавноста, изјави Ивановска.