Рокот истече, само 5 од 20 министерства кажале колку службени возила имаат

0
575

По два дена откако помина рокот за пријава на службените возила од владата денеска со уште еден апел – сите институциите да ги пријават возилата до Државната комисија за спречување на корупција.

Апелот следува откако ДКСК објави дека до законски предвидениот рок 18 август од вкупно 6500 возила со кои располагаат институциите – до кај нив биле пријавени само 1916.

Државната комисија за спречување на корупција може да поднесе прекршочни пријава против институциите кои не ги пријавиле службените автомобили.

ДКСК

– Доколку правните лица не достават податоци за бројот, видот, регистарската таблица и возната состојба на моторните возила со кои расолагаат во предвидениот рок, ДКСК покренува прекршочна постапка во рок од 15 дена од истек на рокот за доставување на податоците

Евиденцијата на возилата е во насока на спречување на нивни злоупотреби по партиски митинзи во пресрет на локалните избори, појава која што со години е присутна.