Голем пожар во бараките на Макотекс во Карпош 4

0
310

Голем пожар избувна денеска на пладне во бараките на Макотекс во Карпош 4 покрај кејот на Вардар во Скопје. Изгореа повеќе бараки кои се користеле за најразлични бизниси, од лимарија до печатење и текстил. На лице место беа присутни пет возила на противпожарната единица и десетина пожарникари кои за околу еден час го локализираа пожарот, а во гаснењето учествувал и еден авион.

Од Центарот за управување со кризи потврдија дека гори поранешен објект на Макотекст фирмата на улица Никола Парапунов покрај Кеј на Вардар кај мостот Обединети Нации.

„Се работи за стар објект кој повеќето од објектот нема функционалност, но во еден дел има отворено сервис за возила, барака, која има бои и лакови и други хемикалии“, велат од ЦУК.

Како што додаваат оттаму, авион на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) враќајки се полн со вода од извршување на задачата за подршка во гаснење на пожарот во Маврово-Ростуше го забележал густиот дим од пожарот на објектот во Карпош и исфрлил вода над пожарот на објектот.

Причините за пожарот се непознати, но очевидците за Мета.мк велат дека електричната инсталација во објектите била со дискутабилен квалитет. Забележително е дека густиот чад што излегуваше од една од опожарените бараки беше со карактеристична кафена боја.