Пукотница во католичко училиште во САД – најмалку тројца мртви, 20 повредени

0
412

Најмалку три лица, вклучувајќи го и напаѓачот, загинаа денес, а околу 20 лица се повредени во пукотница во католичко училиште во јужниот дел на градот Минеаполис во американската држава Минесота, објави функционер на Министерството за правда на САД.

Како што објави Си-би-ес Њуз, повикувајќи се на извори, напаѓачот извршил самоубиство со огнено оружје.

Голем број припадници на безбедносните сили интервенирале поради пукотницата во католичкото училиште, а по интервенцијата, полицијата објавила дека повеќе нема активна закана за граѓаните.

Федералните власти изјавија дека вооружениот напаѓач бил маж, облечен во црно и носел пушка.