Британскиот јутјубер Ричард Хејвард, креатор на каналот @SideQuestMerchant, кој престојува во Македонија, осмисли мисија да плови по реката Вардар, почнувајќи од Гостивар и да стигне до Грција. Сепак, тој се соочи со многу смет во реката.
„Ова буквално е цунами од ѓубре како што можете да видите. Ќе се обидеме повторно, но ќе тргнеме да пловиме од Скопје“, рече Хејвард.
Тој наиде на купишта пластични шишиња во реката Вардар. Момчето учествуваше во акција за чистење на отпад, а во реката нашол и стол.
Хејвард вели дека случајно дошол во Македонија, му се допаднала земјата, по што често доаѓал, а летово одлучил да живее тука извесен период.









