Трагедија од огромни размери по земјотресот во Авганистан: Болниците преполни со повредени, бројот на жртви расте, спасувањето е тешко/ВИДЕО

0
255

Стотици луѓе загинаа и се повредени во земјотресот со јачина од 6,0 степени што ја погоди североисточната покраина Кунар во Авганистан, соопштија денес властите, додека спасувачите пребаруваат низ урнатините на домовите за преживеани. Најновите бројки покажуваат дека бројот на жртви е најмалку 610, а повеќе од 1.500 се повредени.

Д-р Муладад, директор на главната болница во главниот град на покраината Асадабад, ги опиша хаотичните сцени што следеа по земјотресот. „Примаме по еден пациент на секои пет минути“, рече тој, нагласувајќи дека капацитетот одамна е надминат, јавува Би-Би-Си.