Партијата на пензионери се подели, едните сакаат со власта, други со опозицијата

0
231

Едните сакаат со СДСМ другите сакаат со ВМРО-ДПМНЕ, пензионерите во Партијата на пензионери поделени во своите желби предизборно.

Еден дел од партијата велат дека не им се допаѓаат политиките на ВМРО-ДПМНЕ па затоа ќе сакаат да се дел од СДСМ бидејќи според нив идеолошки биле најблиску до социјалдемократите.

Соработката за коалиција со ВМРО-ДПМНЕ останува, возврати претседателот на Партијата на пензионери, Илија Николовски. Според него поединци во партијата сакаат да направат раздор помеѓу пензионерите особено сега пред избори.

Во јуни оваа година Партијата на пензионерите соопшти дека ја напушта коалицијата со СДСМ и дека започнуваат соработка со ВМРО-ДПМНЕ. Нивниот лидер и поранешен пратеник на СДСМ, Илија Николовски, тогаш рече дека во интерес на пензионерите е секогаш да бидат со властa.