„Сè запира во понеделник“ – нов голем протест во Белград

0
362

Студентите во блокадата најавија нов голем студентски протест за понеделник во Белград поради, според организаторите, полициската репресија во Нови Сад. Протестот ќе започне во 14 часот пред Владата на Србија под слоганот „Индексот е посилен од пендрек“. Студентите во блокадата, кои го координираат собирот преку социјалните медиуми, најавија дека по Владата, колоната ќе се движи низ градот до Секторот за внатрешна контрола на Министерството за внатрешни работи.

Овој протест следеше по бурните настани во Нови Сад, каде што минатиот петок полицијата употреби сила врз граѓаните и студентите собрани пред Филозофскиот факултет. Во тоа време беа употребени шок бомби, солзавец, топовски истрели… Студентите тврдат дека станува збор за однапред планиран чин на репресија, а не за реакција на наводното насилство, како што тврдеше Министерството за внатрешни работи во своето соопштение.