ОПШТИНА ТЕТОВО НАЈАВИ ТУЖБА ЗА КАНДИДАТОТ НА ДУИ КОЈ ОБВИНИ ДЕКА БУЛЕВАР СЕ ГРАДИ НА ДИВО: ТОА Е Лага и политичка пропаганда од Бајрам Реџепи, ВЕЛАТ ОД ОПШТИНА ТЕТОВО

0
196

ОПШТИНА ТЕТОВО НАЈАВИ ТУЖБА ЗА КАНДИДАТОТ НА ДУИ КОЈ ОБВИНИ ДЕКА БУЛЕВАР СЕ ГРАДИ НА ДИВО: ТОА Е Лага и политичка пропаганда од Бајрам Реџепи, ВЕЛАТ ОД ОПШТИНА ТЕТОВО.

ПОДОЛУ Е ЦОЛОТО СООПШТЕНИЕ НА ОПШТИНА ТЕТОВО

Кандидатот од редовите на АКИ, Бајрам Реџепи, денес на прес-конференција изјави дека улицата „Борис Кидрич“ нема градежна дозвола. Општина Тетово го демантира овој навод, бидејќи за споменатата улица постои ГРАДЕЖНА ДОЗВОЛА и се исполнети сите претходни процедури, заедно со одлуката на советот!

Оваа прес-конференција претставува неуспех од страна на кандидатот, кој во отсуство на сопствена програма и политичка визија, залудно се прошетува по улиците на градот само за да се појави пред медиумите!

Упатуваме апел до сите граѓани да не подлегнуваат на политичката пропаганда! Воедно, бараме од кандидатот јавно да се извини, во спротивно ќе биде поднесена тужба за клевета!

На фотографијата подолу е приложена градежната дозвола и одлуката на советот!