Бабите и дедовците ќе добиваат 360 евра месечно за чување внуче

0
397

Градот Самобор стана првиот град во Хрватска што ја воведе мерката „Баба-дедо сервис“, која им овозможува на бабите и на дедовците да добиваат по 360 евра финансиски надоместок за чување внуче на возраст од една до четири години. Надоместокот е еднаков на субвенцијата што ја дава градот за приватните градинки и дадилки.

Мерката е направена по углед на Шведска, но е приспособена на локалните потреби. Придобивките се повеќекратни: пензионерите добиваат дополнителен приход, родителите полесно ја организираат грижата за децата, а семејните врски дополнително се зацврстуваат.

– Оваа мерка има цел да им го олесни на родителите усогласувањето на семејните и работните обврски, да обезбеди финансиска поддршка за пензионерите и да ја зајакне меѓугенерациската солидарност – изјави градоначалничката Петра Шкорбот.