Жерновски: Мицкоски подолг период го моли „превоспитаниот“ Ахмети да влезе во Влада

0
321

Поранешниот градоначалник на Општина Центар, Андреј Жерновски, преку Фејсбук статус ја критикува Владата на ВМРО-ДПМНЕ и премиерот Мицкоски, обвинувајќи го дека ги прекршил основните ветувања со кои дошол на власт.

Според Жерновски, Мицкоски ветил дека ќе го поништи Преспанскиот договор и ќе ги санкционира функционерите од ДУИ, но веднаш по доаѓањето на власт го сменил својот став, го признал договорот и започнал преговори за повторно вклучување на ДУИ во владата.

Јавноста, особено онаа излажаната, набрзо ќе биде сведок дека пред нејзини очи се случува бесрамно прекршување и на второто ветување. Мицкоски подолг период го моли “превоспитаниот” Ахмети да влезе во владата! Не важат повеќе гордите патриотски говори од славните опозициски денови во кои ќе им одржеше леција, ќе ги модернизираше и декриминализираше своите довчерашни соработници од ДУИ – пишува тој.

Жерновски го опишува Мицкоски како „мал политичар и уште помал човек“ и додава дека актуелните коалициски партнери Вреди и ЗНАМ „ќе си останат со прстот во уста, исто како и изневерените гласачи“.