О2 Иницијативата му покажа на Мицкоски колку воздухот во Скопје „не е аламантен“!

0
188

Премиерот Мицковски ја убедуваше јавноста дека воздухот во Скопје не е алармантно загаден, деновиве, кога двете депонии Вардариште и „Дрисла“ горат, а ветрот го носи чадот над Скопје.

„Нема зголемени такви параметри кои што се алармантни. Тоа е визуелно така, но кога се испитувани параметрите не се така алармантни“, рече Мицкоски.

Но, од Иницијативата О2 му покажаа неколку табели со состојбата на воздухот во Скопје, во текот на вчерашниот ден.

 

Скоро 30° надвор, ама воздухов е ко да сме во грејна сезона. Аеродром црвен. Месецов е со големи пикови особено во тој дел од градов.

 

Важно премиерот вели дека немало зголемено такви параметри кои се алармантни, само визуелно така делувало. Хммм, 151 μg/m3 измерени во Лисиче за PM2.5 да не ти било алармантно, само 10 пати повеќе од препорачаното.

А што се надишавме и уште дишеме најтоксични и виоско канцерогени соединенија деновиве од запален отпад, бивши, сегашни депонии, тоа ништо, тоа не се смета, зошто тие ПАРАМЕТРИ и НЕ СЕ МЕРАТ кај нас.