МЖСПП: Нема надминувања на граничните вредности за квалитетот на воздухот во Скопје

0
227

Од Министерство за животна средина и просторно планирање велат дека нема надминувања на граничните вредности за квалитетот на воздухот во Скопје

„Според податоците на Државниот автоматски мониторинг систем за квалитет на амбиентен воздух – ДАМСКАВ, во периодот од 10 до 12 септември 2025 година не се регистрирани надминувања на граничните вредности за SO₂, NO₂, CO и O₃.

Надминување на среднодневната гранична вредност за РМ₁₀ (50 μg/m³) е забележано:

– на мерното место Лисиче на 10.09.2025 со концентрација од 55.93 μg/m³, особено во вечерните и ноќните часови (19:00–02:00);

– на мерното место Центар на 11.09.2025 со концентрација од 50.41 μg/m

Воопшто, часовните концентрации на РМ₁₀ се релативно ниски на повеќето мерни места во Скопје, со исклучок на Лисиче, каде што се забележани повисоки вредности во ноќните и утринските часови, додека попладне концентрациите се пониски“, велат од таму.