ПОЖАРОТ ВО ТРУБАРЕВО Е ЛОКАЛИЗИРАН НО УШТЕ ЧАДИ, УСПЕАВМЕ ДА ГИ СПАСИМЕ ЛОКАЛНИТЕ ОБЈЕКТИ

0
232

Нема активно горење но има силно чадење кое се пробива низ земјата и песокот од затрупаните места. Преостанува да се дозатрупа уште дел од опожарената површина, изјави Стојанче Ангелов од ДЗС.

Благодарение на брзината и пожртвуваноста на скопските пожарникари како и одлично организираната и координирана акција, при справувањето со пожарот во Трубарево успеавме да спасиме неколку објекти чиј двор но и самите објекти беа полни со пластичен отпад, со што успеавме да избегнеме уште потешко загадување, додаде тој