ОДЛОЖЕНО СУДЕЊЕТО ЗА ИЗГРАДБАТА НА ТЕАТАРОТ И БИБЛИОТЕКАТА

0
122

На 8 октомври е одложен почетокот на судскиот процес по поднесениот обвинитетелен предлог за повеќе кривични дела поврзани со изградбата на новиот објект за театар и библиотека во градот. Ова е второ одложување на почетокот на овој судски процес, што прв пат беше одложен на 14 јули за денес. Адвокатот на еден од обвинетите достави до судот медицинска документација за неговиот клиент како образложение зошто не може да присуствува на главната расправа.

-Бидејќи не е присутен обвинетиот Сејди Шасивари, а од страна на обвинетите Артан Арслани и Хаки Фазлиу е ангажиран друг бранител кој бара да се изврши увид во предметот, не се исполнети законски претпоставки за одржување на главна расправа. Судот донесе решение расправата да се одложи, истакна судијата Елведин Ферати.

На 8 октомври главната расправа е закажана за во 10 часот.

Во декемри 2024 година Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција информираше дека по спроведена сеопфатна истражна постапка до основниот кривичен суд Скопје има поднесе обвинителни акти против четири луѓе и за едно правно лице.

Обвинети се Сејди Шасивари, сопственик и управител на обвинетото правно лице од Тетово Урбан План Констракшн, Хаки Фазлиу, тогашен директор на Националната установа – Центар за култура „Иљо Антески -Смок” – Тетово, Артан Арслани претседател на Комисијата за јавни набавки, а потоа и ВД директор на Центарот за култура, како и Бајрам Муча, како главен надзорен инженер во правно лице ангажирано како надзорен орган при спроведување на договорот за јавна набавка од 2015 – 2020 година.

Обвинителството тогаш објави дека првообвинетиот Шасивари и второобвинетото правно лице сториле продолжено кривично дело – Злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство од чл.275-в од Кривичниот законик. Обвинетите Фазлиу и Арслани сториле продолжено кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување, додека обвинетиот Муча сторил продолжено кривично дело кривично дело Несовесно работење во службата.