Цени на замјоделски производи – институциите ловат трговци кои прават екстра профит на сметка на граѓаните

0
122

Растот на цените на земјоделските производи во август за премиерот Христијан Мицкоски пред се покажуваат дека дел од парите завршиле кај земјоделците. Но, реалноста, според Мицкоски покажува и дека дел од прекупците и трговците ставаат многу повисоки, нелогични маржи на земјоделските производи, што на крајот парите не завршуваат кај земјоделците, а храната е скапа за граѓаните.

„Инаку, го следиме однесувањето на трговците и веќе колку што сум информиран, за дел од нив има и одредени процедури и постапки пред институциите… Се веќе процесирани и ќе треба веќе да влезат во финална завршница“, вели премиерот Христијан Мицкоски.

Според Државниот завод за статистика, во август цените на земјоделските производи на страна на инпутот пораснале 2,6 насто, а на страна на аутпутот за 12,1 отсто. Мицкоски вели дека статистиката покажува дека храната во август поевтинила во споредба со јули годинава за 0,7 отсто.