(ФОТО+ВИДЕО) Одговорност од полицајци, обвинители и судии – побараа присутните на протестот пред МВР за убиството на Росица

0
154

Присутните посочија и дека ако се постапувало по протоколи, ако криците за помош беа слушнати, а реакциите навремени, Росица ќе била на време заштитена

Граѓани денеска попладне се собраа пред зградата на Министерството за внатрешни работи (МВР) во Скопје поради, како што велат, колективниот крах на системот кој дозволува да се случува континуирано насилство врз жени што доведува до фемициди.

Иницијатори за овој протест се неколку невладини организации, а повод е убиството на 31-годишната велешанка Росица Коцева и нејзиниот татко од страна на нејзиниот поранешен партнер, кој потоа се самоуби.

„Ниту една повеќе. Не врти глава на насилството“.

Упатија барања за институционална одговорност и санкции, како и оставки и дисциплински постапки за полицајци, обвинители, вработени во Центрите за социјална работа, односно за сите што биле запознаени со случајот на Росица.

Апелираа и да се направат и обврзувачки протоколи за полицијата, судството, обвинителството и Центрите за социјална работа.

360stepeni.mk