„Да беше лесно, немаше да бидеме ние“ – со овие зборови кандидатот за советник Стефан Карапеоски од ВМРО-ДПМНЕ ја истакна својата решителност да се бори за секој млад човек, за развојот на Тетово, за развој во областа на културата и, како што рече, за вечноста на Македонија. Неговата порака беше јасна: УМС е силата на младоста, а ВМРО-ДПМНЕ е столбот на народот.
Овие млади луѓе, но и сите пред мене, се мојот мотив за мојата сегашна нова и иднина борба. Како нивен советник во Советот на Општина Тетово, ќе се борам за секој млад човек, за македонските интереси и за развојот и афирмацијата на Општина Тетово, особено во областа на културата, каде најмногу го стекнав моето знаење и работно искуство.
-изјави Карапеоски.
Говорот се одржа во присуство на носителот на советничката листа, доц. д-р Бранислав Светозаревиќ, кој ги поддржа ставовите и пораките на кандидатот.

Во борбен и решителен тон, кандидатот за советник во Советот на Општина Тетово Карапеоски испрати јасна порака до јавноста. Без долги говори и празни ветувања, тој нагласи дека суштината е една – УМС и ВМРО-ДПМНЕ се вистинскиот извор на силата и надежта за македонскиот народ. Со визија насочена кон младите и со љубов кон Тетово и Македонија, најави дека делата и проектите ќе зборуваат сами за себе во периодот што доаѓа.
Нема да должам многу. Ќе бидам концизен и прецизен, бидејќи со оваа промоција сакаме само да испратиме една порака. Пораката е дека УМС и ВМРО–ДПМНЕ се единствениот вистински извор за македонскиот народ. Нема да зборувам за проектите кои ќе ги направиме во следните четири години, бидејќи за тоа ќе се зборува во текот на кампањата. Само ќе напоменам дека имаме голем број проекти во интерес на нас, младите.
-изјави Карапеоски.
Исто така, присуствуваше и претседателот на Општинскиот комитет и актуелен пратеник, Александар Велјановски, кој истакна поддршка за ставовите и визијата на кандидатот.

Со зборовите: „Да ни е вечно УМС! Да ни е вечно ВМРО–ДПМНЕ! Да ни е вечно Тетово! Да ни е вечна Република Македонија!“, кандидатот за советник го заврши својот говор.










